Достапни линкови

Брглез - Македонија да ги забрза евро-атланските интеграции


Претседателот на Парламентот на Република Словенија, Милан Брглез држи говор во македонското Собрание.

Неопходно е Македонија да направи похрабар чекор во насока на евроинтеграцииите. Стабилноста на регионот ќе биде поголема доколку сите земји кои произлегоа од поранешна Југославија станат дел од тие интеграции, истакна во обраќањето пред пратениците во македонското Собрание, претседателот на словенечкото Собрание, Милан Брглез.

Односите меѓу Македонија и Словенија се пријателски и добри, а Љубљана, потенцира тој, го поддржува економскиот и политичкиот развој и евроинтеграцискиот процес на Македонија.

Словенија меѓу првите ја призна Македонија под уставното име, а годинава се одбележуваат 25 години од дипломатките односи.

XS
SM
MD
LG