Достапни линкови

Русија го критикува новиот закон за образование во Украина


Училиште во Украина.

Руските власти го критикуваат новиот закон за образование во Украина, велејќи дека со тоа ќе се нарушат правата на луѓето кои говорат на руски во Украина. Руското Министерство за надворешни работи денеска објави дека со законот се прави присилно воспоставување на еден јазик во држава која е мултинационална. Во соопштението од руското министерство, исто така, се наведува дека законот го крши уставот на Украина и меѓународните обврски на Киев.

Законот беше одобрен од украинскиот парламент на 5 септември. Со законот се прават корените реформи во образовниот систем на Украина и се предвидува украинскиот јазик да биде главен јазик што ќе се користи во училиштата.

XS
SM
MD
LG