Достапни линкови

МВР се подготвува за локалните избори


Министерството за внатрешни работи е подготвено за локалните избори, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање. Тој вели дека се подготвуваат максимално да овозможат мирен фер и демократски изборен процес и одлична безбедност,

„Се подготвуваме да делуваме во рамки на спречување каква било злоупотреба на позицијата на кој било функционер во изборниот процес. Стоиме на располагање и ги остваруваме сите барања на Државната изборна комисија“, рече Спасовски на прес-конференцијата.

Додаде дека сите структури во рамките на МВР оперативно веќе почнуваат да делуваат во однос на обезбедувањето на локалните избори,односно периодот до одржувањето на изборите и денот на изборниот процес.

Министерот рече дека МВР распиша оглас за нови 500 униформирани полицајци за кои процесот на селекција ќе започне по локалните избори. Спасовски најави формирање специјална единица за трговија со луѓе и криумчарење мигранти, како и повторно формирање на мобилни тимови за идентификација на жртви на трговија со луѓе.

„Во соработка со експерт од ЕУ, изработен е нов Закон за азил и веќе е доставен до ЕУ на мислење. Исто така, во завршна фаза е и текстот на Законот за странци усогласен со регулативите на ЕУ“, рече Спасовски.

XS
SM
MD
LG