Достапни линкови

Турција купува оружје од Русија


Руски систем Ес-400.

Турција потпиша договор со Русија за купување на ракетни системи Ес-400. Ова е прва голема набавка на оружје од Москва. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за турските медиуми потврдува дека е потпишан договор и дека платиле депозит. И руските власти потврдуваат дека договор е потпишан.

За Aнкара ова е најзначајното купување на оружје од земја што не е во НАТО. Договорот предизвика загриженост кај западните земји поради техничката компатибилност со опремата на НАТО.

Пентагон соопшти дека е генерално добра идеја сојузниците на НАТО да купуваат интероперабилна опрема.

Ердоган инсистира на тоа дека Турција е слободна да направи чекори кои се засноваат врз основа на нивните потреби.

XS
SM
MD
LG