Достапни линкови

Конфедерација на слободни синдикати се заканува со масовни протести


Конфедерацијата на слободни синдикати се закани со масовни протести доколку наскоро не профункционира Економско-социјалниот совет. Претседателот на КСС Благоја Ралповски обвинува дека Советот не функционира и оти преку ова тело, не можат да ги искажат своите ставови и барања. Тој посочи дека на маса се уште стои барањето за покачување во јавниот сектор од 19 проценти како и барањето за скратено работно време од седум часа во институциите каде се воведува двосменско работење.

„Ако не се поправат ваквите состојби КСС ќе излезе со порадикални чекори, а тоа во прво време ќе бидат масовни протести,“ истакна Ралповски.
Од синдикатот тврдат дека министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ги игнорора нивните барања за средби.

XS
SM
MD
LG