Достапни линкови

Повторно одложена јавната седница за „Монструм“ во Врховен суд


Повторно е одложена јавната седница за случајот „Монструм“ што требаше да се одржи денеска во Врховниот суд, поради тоа што полицијата не донела еден од петмината осудени за петкратното убиство кај Смилковското Езеро. Следната седница е закажана за 3 октомври. Одбраната на дел од обвинетите тврди дека е неопходно овој случај да го преземе СЈО.

Врховните судии на јавна седница треба да ги разгледаат жалбите за доживотните затворски казни, кои на осудените им ги изрече Основниот суд. Петтемина обвинети беа осудени на доживотен затвор за петкратното убиство кај Смилковското езеро, кое се случи на 12 април 2012 година.

Во случајот пред Врховниот суд постапува обвинителката Лилјана Спасовска, која неодамна беше назначена за вршител на должноста државен јавен обвинител на местото на разрешениот Марко Зврлевски.

XS
SM
MD
LG