Достапни линкови

Украинска полиција го обезбедува хотелот во кој престојува Сакашвили


Украинските безбедносни сили денеска го блокираа пристапот до хотелот во западен украински град каде што престојува поранешниот грузиски претседател Михаил Сакашвили кој помина неколку дена во посета на државата. Ваквата информација на социјалните мрежи ја споделија членови на опозициската партија „Движење на нови сили“. Од полицијата за овој настан се уште нема информација. Според украинските медиуми Сакашвили престојува во хотел во Лавов неколку дена откако ја преминал границата без документи. Петро Порошенко му го одзема правото на украинско државјанство на Сакашвили во јули годинава.


XS
SM
MD
LG