Достапни линкови

МАНУ бара научна дебата за законот за јазиците


Претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Владо Камбовски

Македонската академија на науките и уметностите бара стручна и научна дебата пред усвојување на предлог законот за употреба на јазиците, со цел расчистување на одредени недоречености кои може да создадат проблеми при примена на законот во практика, се вели во денешното соопштение.

Според МАНУ, пратениците респектирајќи ги стручните и научните мислења, треба да иницираат конструктивна дебата, заснована врз принципите на отвореност, толерантност и избегнување секаков вид ултимативности исклучивост, сеедно од која страна тие и да доаѓаат.

„Јазичниот плурализам е иманентна карактеристика на мултикултурното општество. Оттука, легитимни се инсистирањата на заедниците за унапредување на нивните јазични права. Македонците треба да го почитуваат тоа и да покажат интерес за јазиците на нивните сограѓани и за унапредување на нивните јазични права, култура и традиции. Но, и обратно – претставниците на другите заедници мора да покажат разбирање, толерантност и респект за македонскиот јазик, како јазик на мнозинскиот народ, и за неговата интегративна, обединувачка функција, стои во соопштението од МАНУ.

XS
SM
MD
LG