Достапни линкови

Црвен метеоаларм во Хрватска


Во Хрватска попладнево е објавен црвен метеоаларм со предупредување од опасност од поплави долж брегот на Јадранско Море, откако се поплавија Задар, островот Хвар, како и делови од Јадранската магистрала. Метеоролозите немаат охрабрувачки вести за прекин на дождот. Најпогоден од обилните дождови е градот Задар, каде до сега наврна повеќе од 200 литри дожд на метар квадратен, што е двојно повеќе од месечниот просек за септември. Во Задар непрекинато врне дожд седум часа, а поплавени се болницата и еден трговски центар, голем број куќи и деловни простории. Надојдената вода предизвика прекин на електричната енергија и на комуникациските врски, а водата од чешмите не е за пиење. Хрватското министерство за одбрана соопшти дека 300 војници и 13 товарни камиони се во состојба на целосна готовност, во случај ако има потреба од дополнителна помош.

XS
SM
MD
LG