Достапни линкови

ОН загрижени за состојбата со Рохините во Бурма


Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права Зеид Раад ал Хусеин вели дека безбедносната операција насочена кон муслиманското малцинство Рохини во Бурма, исто така позната како Мјанмар, изгледа како пример за етничко чистење. Обраќајќи се на седницата на Советот за човекови права во Женева, ал Хусеин побара од Бурма да стави крај на "суровата воена операција" во будистичката држава Рахине. Хусеин ги цитираше повеќекратните извештаи и сателитски снимки на безбедносните сили и локалните милиции каде што се гледа дека горат селата на Рохините и се убиваат цивили.

Околу 300.000 муслимани Рохини избегаа во Бангладеш откако на 25 август избувнаа насилства во државата Рахине, а агенциите за помош велат дека имаат очајна потреба од храна, засолништа и медицинска помош.Бегалците ги обвинуваат бурманските безбедносни сили за палење на нивните села и напаѓање на цивили во обид да ги избркаат. Војската се брани дека реагира на нападите на милитантите на Рохините и негира дека ги напаѓа цивилите.

XS
SM
MD
LG