Достапни линкови

Осумнаесет египетски полицајци убиени во бомбашки напад


Најмалку 18 египетски полицајци се убиени во бомбашки напад врз безбедносен конвој на Синајскиот полуостров. Екстремистичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.

Египетските власти соопштија дека напаѓачите активирале импровизирана експлозивна направа и уништиле три оклопни возила и возило со притискање на сигнали. Напаѓачите застрелале работници на брзата помош, при што биле повредени четири лица. Нападот се случил во северниот дел на Синајскиот Полуостров, кој се граничи со Појасот Газа.

Исламските милитанти на ИД убија стотици војници и полицајци во регионот од 2013 година, кога војската го собори исламистичкиот претседател Мухамед Морси по масовните протести против неговото владеење.

XS
SM
MD
LG