Достапни линкови

Жбогар: Македонија е подготвена да оди напред


Постои голем оптимизам во Брисел дека Македонија е конечно подготвена да оди напред во интерес на иднината на граѓаните и на државата, му пренел евроамбасадорот Самуел Жбогар на премиерот Зоран Заев на денешната средба, соопштуваат од владината прес служба.

Република Македонија ја има најголемата шанса за успех досега за остварување на стратешките евро-атлантски цели“ пренесе евроамбасадорот Жбогар на средбата со премиерот Заев, се вели во соопштението од Владата.

Претседателот на Владата на Република Македонија посочил дека Владата фокусирано го реализира реформскиот План 3-6- 9. На средбата меѓудругото, Заев ја потврдил цврстата определба на Владата за демократски, фер и регуларни локални избори.

XS
SM
MD
LG