Достапни линкови

Усвоени измените на Изборниот законик, БЕСА најверојатно со член во ДИК


Со 77 гласа „за“, ниту еден против и воздржан собранието го донесе Законот за изменување на Изборниот законик, поднесен од пратеничките групи на владејачкото мнозинство и опозицијата. Со измените на Изборниот законик е предвидено составот на Државната изборна комисија да биде во согласно со постоечкиот однос на партиите во Собранието.

Претходно денеска, пратеникот на БЕСА Фадил Зендели на прес-конференција во Собранието изјави дека очекуваат да имаат член на Државната изборна комисија на претстојните локални избори. Во спротивно, истакна Зендели, одлуките на ДИК би биле нелегални и нелегитимни. Според информации од партијата БЕСА, најголеми шанси за член на ДИК има адвокатката Ермира Асани Салија, која е член на Централниот одбор на БЕСА.

XS
SM
MD
LG