Достапни линкови

Кривично обвинение за Саакашвили по нелегалниот влез во Украина


Украинскиот министер за внатрешни работи, Арсен Аваков соопшти дека поранешниот претседател на Грузија Михаил Саакашвили се соочува со сериозно кривично обвинение по вчерашното нелегално влегување во Украина при што беше предизвикана тепачка на границата со Полска. Аваков го нарече инцидентот "напад врз основните институции во државата" и оддаде дека сите оние што се одговорни треба да се предадат.

Инаку украинската полиција почна истрага откако Михаил Саакашвили им се спротивстави на властите и се врати во земјата што му го одзеде државјанството. Поддржан од стотици поддржувачи, поранешниот претседател на Грузија и поранешен гувернер на украинскиот регион Одеса, вчера се упати од Полска кон Украина, пробивајќи ја линијата на украинските погранични стражари.

Државниот обвинител Јуриј Луценко изјави дека обвиненијата ќе бидат подигнати против организаторите на неовластениот влез на Саакашвили. Според законите, оној кој ќе биде прогласен за виновен за илегално преминување на границата може да се соочи со казна до пет години затвор. Украинскиот премиер Владимир Хројсман на својот фејсбук профил го нарече инцидентот "напад" на државноста на Украина. Саакашвили, исто така, се соочува со можна екстрадиција во Грузија, каде што е обвинет за проневера на имот и злоупотреба на функцијата како претседател на Грузија. Саакашвили вели дека тие обвиненија се политички мотивирани.

XS
SM
MD
LG