Достапни линкови

Поплави на југот на Босна и Херцеговина


Мостар

Поројните дождови што минатата ноќ ги зафатија јужните делови на Босна и Херцеговина, предизвикаа поплави во повеќе станбени и индустриски објекти, како и прекин на сообраќајот во реонот на градот Мостар.

Според Оперативниот центар за цивилна заштита на Херцеговско-неретванскиот Кантон, поплавени се објекти во мостарските населби Бакина Лука и Војно, како и во местото Дретеља во општина Чапљина.

Поради поројниот дожд и обилните количества вода на патиштата од изутрината во прекин беше сообраќајот на неколку патни правци во околината на Мостар, а регистрирани се и одрони на карпи и наноси на земјишта на неколку локални патишта.

XS
SM
MD
LG