Достапни линкови

Седница на Собранието на Македонија за интерпелација на тројца министри


Седница на Собранието на Македонија

Собранието на Македонија денеска ќе ја одржи 13. седница на која ќе расправа за седум точки, меѓу кои и интерпелација за тројца министри од новата Влада. Пратениците ќе расправаат за интерпелација на министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и за министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, поднесени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. На дневен ред се и предлозите на законите за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита и на Законот за заштита на деца и двата во прво читање. На пленарната седница пратениците ќе ги разгледаат и предлозите за дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост и на Законот за водостопанство и двата во прво читање, а поднесени од пратениците од опозицијата.

XS
SM
MD
LG