Достапни линкови

Хилари Клинтон веќе нема да се кандидира за претседател


Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон

Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека нема да поднесе кандидатура за партиските избори на демократите во 2020 година кога се предвидени претседателските избори. „Нема веќе да бидам кандидат“, изјави Клинтон во емисијата „Сандеј морнинг“ на американската телевизија Си Би Ес. Клинтон чија книга „Што се случило“ излегува во вторник додаде дека планира да остане во националната политика, но не како активен политичар кој би можел да покрене кампања. „Не завршив со политиката, бидејќи буквално верувам дека се поставува прашањето за иднината на нашата земја“, рече таа.

XS
SM
MD
LG