Достапни линкови

Во Русија слаб одѕив на локалните избори


Од изборите во Москва

Слаб одѕив на гласачи е забележан на вчерашните локални избори во Русија, последни пред претседателските избори закажани за март идната година. Опозицијата пријави многубројни случаи на неправилности во текот на изборите во 82 региона на кои се избираа 16 регионални гувернери и состави на повеќе локални собранија. Првичните резултати за гувернери им даваат предност на кандидатите на владејачката партија „Единствена Русија“ која во минатата година освои апсолутно мнозинство на парламентарните избори. Премиерот Дмитриј Медведев изјави дека досегашните резултати покажуваат дека победуваат претставниците на владејачката партија. Одѕивот посебно бил слаб во Москва каде што излегле меѓу 14 и 15 насто од избирачите.

XS
SM
MD
LG