Достапни линкови

Во Мајами поплави од ураганот Ирма


Мајами под ураганот Ирма

Силни ветрови од ураганот Ирма предизвикаа поплави во центарот на Мајами каде што се урнале и два големи градежни крана, но немало жртви, јавија локалните власти. Во финансискиот кварт на Мајами водата достигнала над 60 сантиметри, а една од главните улици била претворена во река, пренесуваат новинските агенции. Исто така се додава дека над два милиона луѓе останале без електрична енергија и оти ќе бидат потребни неколку недели за да се поправи штетата и да се стабилизира системот за снабдување со струја.

XS
SM
MD
LG