Достапни линкови

Северна Кореја се закани дека ќе им нанесе на САД најголемо страдање


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во контрола на нуклеарната програма

Властите на Северна Кореја предупредија дека на Соединетите држави ќе им нанесат „најголемо страдање и болка“ ако продолжат во Обединетите нации да бараат заострување на санкциите по шестата севернокорејска нуклеарна проба. Министерството за надворешни работи на Северна Кореја предупреди дека доколку Вашингтон влијае за усвојување, како што се наведува, незаконска резолуција во Советот за безбедност со која се зголемуваат и онака строгите санкции, Северна Кореја ќе преземе мерки за кои „цената ќе ја платат Соединетите држави“. „Мерките кои ќе ги преземеме ќе и нанесат на САД најголемо страдење и болка во историјата на таа земја“, се наведува во соопштението. Советот за безбедност денеска ќе заседава по барање од Вашингтон за нови санкции врз Северна Кореја.

XS
SM
MD
LG