Достапни линкови

МНР: Нема загрозени македонски државјани од ураганот Ирма


Мајами под удар на ураганот Ирма

Амбасадата на Македонија во Вашингтон е во континуирана комуникација со надлежните служби во САД и досега нема информации за повредени или загинати македонски државјани во погодените подрачја од ураганот Ирма, соопшти синоќа Министерството за надворешни работи. Претставници од македонската Амбасада во Вашингтон стапиле во контакт со македонската државјанка која престојувала во францускиот дел на островот Сент Мартин, а моментно е евакуирана на безбедно. Во контакт се и со семејството кое се наоѓаше во холандскиот дел на Сент Мартин и кое веќе е евакуирано од островот, се наведува во соопштението. Се упатува апел за будност и следење на препораките, имајќи предвид дека опасноста од ураганот Ирма се уште не е надмината.

XS
SM
MD
LG