Достапни линкови

Ципрас вети успешно завршување на финансиската криза


Грција успешно ќе ја заврши спасувачката програма во 2018 година, помогната од суштинскиот економски раст, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој вети дека ќе ги поддржи младите Грци како и малите бизниси во процесот на обновување на земјата.

Ципрас изјави дека грчката економија ќе постигне раст во 2017 година по девет годишната рецесија и додаде дека земјата отворила 236 илјади нови работи места во првите седум месеци од 2017 година, што е најбрзиот раст на вработеноста од 2001 година. Премиерот нагласи дека странските инвеститори се нетрпеливи да ги искористат можностите, кои им ги нуди Грција.

XS
SM
MD
LG