Достапни линкови

Столтенберг: Нуклеарната програма на Северна Кореја е глобална закана


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека нуклеарната и ракетната програма на Северна Кореја е "глобална закана" која "бара глобален одговор". Во интервју за Би-Би-Си , Столтенберг го опиша однесувањето на Северна Кореја како "несовесно" и рече дека НАТО треба да биде дел од "глобалениот одговор". Тој ја повика Северна Кореја да се откаже од своите нуклеарни и ракетни програми и да се воздржи од повеќе тестирања, додавајќи дека неодамнешните нуклеарни и ракетни тестови на Северна Кореја се "бесрамно прекршување на неколку резолуции на Советот за безбедност на ОН" и "закана за меѓународниот мир и стабилност ". Столтенберг одби да каже дали нападот на американската територија на Гуам ќе ја активира клаузулата за колективна одбрана на НАТО.

Во меѓувреме, и генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјави дека спорот околу програмите за нуклеарна и балистичка ракета во Северна Кореја е најголемата криза во светот во последните неколку години.

XS
SM
MD
LG