Достапни линкови

Ердоган и Трамп ќе соработуваат и покрај тензиите


Во телефонски разгoвoр американскиот претседател Доналд Трамп и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган се согласиле да продолжат да работат на зајакнување на односите и регионалната безбедност, соопшти Кабинетот на шефот на турската држава.

“Укажувајќи на стратешкото партнерство помеѓу Турција и САД, двата лидери го истакнаа значењето на понатамошната заедничка работа на понатамошното интензивирање на билатералните односи и стабилноста на регионот”, се посочува во соопштението.

Ердоган и Трамп, исто така се договориле да се сретнат во Њујорк, на седницата на Генералното собрание на Обединети нации. Односите меѓу САД и Турција се тензични поради поддршката на Вашингтон за курдските припадници на милицијата Единици за заштита на народот, која според официјална Анкара е терористичка група, а се бори против Исламска држава во Сирија.

Турција е „разочарана“ од САД и поради одбивањето на Вашингтон да го екстрадира муслиманскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кој Анкара го обвинува за организирање на минатогодишниот неуспешн државен удар. Ѓулен повеќе години живее во егзил во Соединетите Држави.

XS
SM
MD
LG