Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ обвинува, СДСМ се правда


ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека СДСМ прави стратегија за поткуп на гласачите преку ангажирање на полицијата за време на локалните избори.

“ВМΡО-ДПМНЕ ги советува полицисκите службеници, да пρодолжат чесно и пρофесионално да си ја вρшат својата фунκција и да не дозволат да бидат маρионета во ρацете на Заев и Спасовсκи. ВМΡО-ДПМНЕ им ветува деκа сеκој вид на пρитисоκ и заκана од стρана на Заев и Спасовсκи ќе биде дополнително κазнет и пρеиспитан догодина на пρедвρемените паρламентаρни избоρи, рече Орце Ѓорѓиевски од оваа партија.

Меѓудругото ВМРО-ДПМНЕ обвинии дека Владата на СДСМ во првите 100 дена нема реализирано ниту една реформа во здравството и не се подобрени здравствените услуги, односно дека се прави само реваншистичка смена на директорите на јавното здравство.

Од СДСМ одговорија дека времето на злоупотреби на институциите заврши. Државните институции се професионални и ослободени, истакнува СДСМ во писмена реакција. Според СДСМ лицемерна и лажна е загриженоста на ВМРО-ДПМНЕ за состојбата во здравството, бидејќи сите ги чувствуваат последиците од катастрофалните штети што ВМРО-ДПМНЕ ги направи во здравствениот систем, се вели во реакцијата на СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ наведува дека ВМРО-ДПМНЕ оставиле руинирани болници, понижени пациенти и лекари, неупотреблива опрема и огромни долгови на здравствените установи.

XS
SM
MD
LG