Достапни линкови

Клинтон со нова книга за причините за изборниот пораз


Кандидатката на Демократската партија за претседател на САД Хилари Клинтон напиша нова книга во која ги признава своите грешки во изборната кампања минатата година, но голема одговорност за поразот припишува и на други. Во книгата таа го нарекува глупаво тоа што го користела приватниот меил додека била на чело на Стејт департментот. Како грешка поради која најмногу жали ја издвојува изјавата дека ќе воведе мерки кои ќе ги остават рударите без работа.
Таа исто така оценува и дека нејзините говори за банките на Вол Стрит наишле на лоша реакција во јавноста.Според нејзиното мислење за поразот на изборите придонеле и руските хакери, обвинувањата на тогашниот директор на ФБИ Џејмс Коми, тоа што таа е жена и сл. Книгата “Што се случи”, ќе биде во продажба од понеделник.

XS
SM
MD
LG