Достапни линкови

Сириската армија го превзеде нафтеното поле Тејм од Исламска Држава


Сириската армија и нејзините сојузници го превзедоа нафтеното поле Тејм од екстремистичката група Исламска држава кое се наоѓа во близина на источниот град Деир ал Жур, објави државната телевизија. Нафтеното поле Тејм се наоѓа во пустина јужно од Деир ал Жур. Владини сили, превзеле и дел од главниот автопат од Ал Жур до градот Ал-Мајадеен, вдолж реката Еуфрат, каде што милитантите на ИД се повлекоа, соопшти сириската опсерваторија за следење на човековите права.

Овој напредок би ги блокирал потенцијалните засилувања на ИД од Ал-Мајадеен, кој е близу до ирачката граница.Провинцијата Деир ал Жур богата со нафта, стана најновиот епицентар на војната против Исламска Држава.

Оваа недела, сириските трупи и нивните сојузници поддржани од Иран достигнаа до Деир ал-Жур, кршејќи ја речиси тригодишна опсада од страна на ИД во деловите од градот што се под контрола на владата. Владините сили се обидуваат да стигнат до блиската воздухопловна база, опкружена со милитанти на ИД.

XS
SM
MD
LG