Достапни линкови

Времето денеска променливо и нестабилно


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен првец. Пообилни врнежи ќе има во раните утрински и во претпладневните часови во западните делови, а попладне врнежите ќе ги има повеќе на истокот, ќе бидат полокализирани, но со услови да бидат проследени со поинтензивни процеси. Утринската температура се движи од 11 до 18, а дневната ќе биде од 22 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен јужен ветер. Утринската температура се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

Утре и в понеделник времето ќе биде претежно сончево и топло, на повеќе места со натпросечни дневни температури на воздухот. В понеделник во текот на ноќта и во вторник преку денот повторно ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, но претежно во западните делови од земјава. В понеделник и во вторник ќе дува засилен југозападен ветер.

XS
SM
MD
LG