Достапни линкови

Германија ги отфрли барањата на Полска за воени репарации


Илустрација - Германско знаме.

Германските власти ги отфрлија барањата на Полска од еден трилион долари за репарациите од Втората светска војна, велејќи оти прашањето е решено во 1953 година. Портпаролот на Владата Штефан Сиберт денеска изјави дека Полска направила одлука во 1953 година да се откаже од барањата за понатамошни воени репарации. Конзервативната Влада на Полска тврди дека договорот е направен по наредба на Советскиот сојуз и оти не е валиден.

XS
SM
MD
LG