Достапни линкови

Најмалку 20 загинати од ураганот „Ирма“


Поглед на штетите од ураганот „Ирма“ на островот Сент Мартин на Карибите.

Бројот на загинати од ураганот „Ирма“ се искачи на 20 лица, откако силната бура ги погоди Карибите и се движи кон државата на САД Флорида.

Карипската Агензција за управување со катастрофи денеска соопшти дека Британските Девствени Острови има четири загинати, девет загубени животи има на француските острови Сент Мартин на Карибите, четири на Девствените Острови на САД и по една жртва на островите Ангвила, Барбуда и на холандската страна на Сент Мартин.

Ураганот „Ирма“ беше намалена од ураган категорија 5 на категорија 4, но и натаму е „екстремно опасeн“ со ветрови со брзина од 250 километри на час, според Националниот центар за урагани.

Обединетите Нации (ОН) соопштија дека над 37 милиони луѓе можат да бидат погодени од невремето кое се движи накај Флорида, каде гувернерот Рик Скот рече дека жителите треба да бидат подготвени за евакуација од регионот.

Стотици луѓе во Мајами стојат во редици чекајќи вода, а исто така и за автомобилите да ги наполнат со гориво. Меѓунардната организација на Црвениот крст соопшти дека досега 1,2 милиони луѓе се погодени од Ирма, а оти бројката со сигурност ќе расте.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика луѓето да бидат внимателни.

XS
SM
MD
LG