Достапни линкови

САД со честитка за Денот на независноста на Македонија


Архива - Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон.

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон ја честиташе 26-годишнината од независноста на Република Македонија.

„Во име на Владата на САД, со задоволство ги пренесувам нашите најдобри желби до луѓето во Македонија при одбележувањето на 26 години независност“ се вели во соопштението, во кое се додава дека САД се горди што се пријатели и стратегиски партнери на Македонија.

„26 години работиме заедно во поддршка на аспирациите на Македонија за влез во Европската унија и НАТО. Ја поздравуваме акцијата што ја презеде новата влада да ја демонстрира посветеноста кон демократските принципи, почитувањето на владеењето на правото и регионалната соработка. САД ќе продолжат да ги поддржуваат напорите на Македонија во спроведувањето на потребните реформи потребни за да го обезбедат своето место во евроатлантското семејство и нации. Со нетрпение очекуваме да ја продолжиме соработката во наредните години“, се вели во соопштението на Стејт департментот на САД.

XS
SM
MD
LG