Достапни линкови

Најмалку 15 загинати во земјотресот во Мексико


Мексико - Луѓе се собираат на улица за време на земјотресот. 07.09.2017

Мексиканските власти соопштија дека најмалку 15 лица се загинати во силниот земјотрес кој го погоди брегот на Тихоот Океан на земјата, оштетувајќи згради и предизвикувајќи мало цунами. Геолошкото истражување на САД соопшти дека земјотресот бил со магнитуда од 8.1 степени и го погодил Тихиот Океан, околу 120 километри југозападно од градот Трес Пикос во јужната мексиканска држава Чиапас.

Мексиканскиот министер за внатрешни работи изјави дека земјотресот бил со магнитуда од 8.4 степени. Мексиканскиот претседател Енрике Пена Нието изјави дека ова е најсилниот земјотрес што ја погодил земјата во речиси еден век.

XS
SM
MD
LG