Достапни линкови

Најмалку 11 загинати на Карибите од ураганот „Ирма“


Штетите направени од ураганот „Ирма“ во Сент Мартин на Карибите. 07.09.2017

Ураганот „Ирма“ денеска ги погоди островите Турк и Каикос, продолжувајќи кон Флорида низ Карибите убивајќи најмалку 11 луѓе. Големата бура беше намалена претходниот ден, од ураган категорија 5 на категорија 4, но и натаму беше „екстремно опасeн“ со ветрови со брзина од 250 километри на час, според Националниот центар за урагани.

„Ирма“ остави траги на уништување низ Карибите, вклучително Британските Девствени Острови, Ангила, Сент Мартин, Сент Бартелеми, како и Сент Китс и Невис. Обединетите Нации (ОН) соопштија дека над 37 милиони луѓе можат да бидат погодени од невремето кое се движи накај Флорида, каде гувернерот Рик Скот рече дека жителите треба да бидат подготвени за евакуација од регионот.

Стотици луѓе во Мајами стојат во редици чекајќи вода, а исто така и за автомобилите да ги наполнат со гориво. Меѓунардната организација на Црвениот крст соопшти дека досега 1,2 милиони луѓе се погодени од Ирма, а оти бројката со сигурност ќе расте.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика луѓето да бидат внимателни.

XS
SM
MD
LG