Достапни линкови

ОН - 270 илјади бегалци преминале од Бурма во Бангладеш


Бурама - Бегалци во Бурма чекаат брод да ја поминат границата. 07.09.2017

Агенцијата за бегалци на ОН соопшти дека околу 270 илјади Рохинџа муслимани преминале во Бахгладеш, откако на крајот на минатиот месец изби насилство во соседна Бурма. Новата бројка, која денеска ја потврди портпаролката на УНХЦР Вивијан Тан, е значително повисока отколку таа што беше соопштена вчера, кога Агенцијата процени дека 164 илјади луѓе пристигнале во Бангладеж од 25 август.

Тан рече дека зголемувањето на бројот било поради групи на бегалци во области во близина на границата за кои агенцијата подоцна дознала.

„Бројките се алармантни, тоа навистина значи дека ќе мораме да го засилиме нашиот одговоор“, рече Тан додавајќи оти ситуацијата во Бурма мора итно да се реши.

Насилството во Бурма предизвика глобално незадоволство. Бегалците ги обвинуваат бурманските безбедносни сили и будистичките банди за палење на нивните села. Владата вели дека безбедносните сили реагираат на напад врз полицијата од минатиот месец од страна на милитантите на Рохиџа.

XS
SM
MD
LG