Достапни линкови

Во Чешка невработеноста е 4 проценти


Прага

Во август во Чешка стапката на невработеност падна на четири насто, што е најниска стапка на невработеност во изминатите две децении, а за само едно работно место конкурираат само 1,5 работници, соопшти денеска Националното Биро на трудот во Прага.

Во 10 милионската Чешка регистрирани се само 296.826 невработени, што е за 91.648 помалку во однос на август 2016 година.

Слободни работни места во август имало 199.273.

Најниската стапка на невработеност од 2,6 насто има во Плзенскиот регион, а во главниот град Прага, невработеноста е 2,9 проценти.

XS
SM
MD
LG