Достапни линкови

Германски пратеници во посета на база на НАТО во Турција


Инџирлик

Германски пратеници ќе ја посетат денеска воената база на НАТО во турскиот округ Конја во екот на тензичните односи меѓу Анкара и Берлин и по изјавата на германскиот канцелар Ангела Меркел за прекин на пристапните преговори на ЕУ со Турција.

Се очекува делегацијата да пристигне попладне во базата, а подоцна да замине од Турција. Таа ќе биде предводена од заменик генералниот секретар на НАТО.

Посетата на германските пратеници во Конја првично беше отфрлена, но по преговори беше најдена формула за посета под закрила на НАТО.

Турските власти не дозволија германски пратеници да ја посетат базата Инџирлик во Адана што предизвика повлекување на германските војници од таа база.

XS
SM
MD
LG