Достапни линкови

Земјотрес го погоди брегот на Мексико


Најмалку 5 лица загинаа во силниот земјотрес што го погоди брегот на Мексико синоќа, по што сеизмолозите предупредија на цунами. Според американскиот геолошки институт, земјотресот имал 8,0 степени и го погодил прегот на Тихиот Океан, околу 120 километри југозападно од градот Трес Пикос.

Системот за предупредување за цунами во САД предупреди на можни опасни бранови по должина на бреговите на Пацификот Мексико, Гватемала, Ел Салвадор, Костарика, Никарагва, Панама, Хондурас и Еквадор. Земјотресот се почувствува во Мексико Сити.

XS
SM
MD
LG