Достапни линкови

Времето претпладне сончево, попладне наоблачување


Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, а во крајните западни делови ќе има услови за локален дожд со ретки грмежи. Утринската температура се движи од пет до 12, а дневната ќе биде од 28 до 32 степена.

Во Скопје сончево со умерена облачност. Утринската температура се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

Утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, а пообилни врнежи се очекуваат во крајните западни делови од земјата. В недела ќе преовладува стабилно, суво и релативно топло време. В понеделник кон крајот на денот и во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд со појава на грмежи, кога и дневната температура ќе биде во опаѓање.

XS
SM
MD
LG