Достапни линкови

Најмалку 1,2 милиони луѓе засегнати од ураганот Ирма


Ураганот Ирма, потенцијална катастрофа од 5 категорија

Црвениот крст соопшти дека околу 1,2 милиони луѓе кои живеат на островите на Карибите се засегнати од ураганот Ирма кој засега изгледа дека може да биде и директен удар за американската држава Флорида. Црвениот крст денеска соопшти и дека речиси сите згради на островот Барбуда се оштетени или уништени и дека околу еден милион луѓе се без струја на американската територија Порто Рико. Најмалку девет луѓе загинаа од ураганот. Францускиот министер за внатрешни работи Жерард Коломб изјави денеска дека најмалку четири од жртвите загинале на островот Сент Мартин. Ураганот Ирма денеска се упати накај Хаити и Доминиканската Република, а од него стравува и Флорида. Метеоролозите го опишаа ураганот како потенцијална катастрофа од највисока петта категорија. Тој се очекува да ја погоди Флорида на 10 септември.


XS
SM
MD
LG