Достапни линкови

Вучиќ-Босна и Херцеговина во Србија има искрен пријател


Сараево-претседателот на Србија Александар Вучиќ и претседавачот со претседателството на БиХ Драган Човиќ,07.09.2017

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој престојува во официјална посета на Босна и Херцеговина попладнево на прес-конференција по состанокот со претседателство на државата домаќин, рече дека без оглед на тоа што многумина нема да поверувале и нема да се израдувале на неговата изјава, тој сметал дека Босна и Херцеговина во Србија има искрен пријател. Претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина Драган Човиќ рече дека денеска имале исклучително конструктивни разговори и дека верува оти таквата атмосфера и дух ќе продолжеле. Вучиќ престојува во дводневна посета која се смета дека треба да биде пресвртница во односите меѓу двете земји. Неговиот претходник, поранешниот претседател Томислав Николиќ неколкупати ги откажуваше посетите поради недипломатски постапки од двете страни.


XS
SM
MD
LG