Достапни линкови

Москва-незаконски поставена плоча на домот на Немцов


Москва-плоча поставена на зградата во која се наоѓал домот на убиениот политичар Борис Немцов,07.09.2017

Властите во Москва соопштија дека плочата на домот на опозицискиот политичар Борис Немцов е незаконски поставена. За агенцијата Тасс од московската служба за културно наследство велат дека според законот плочата може да биде јавно поставена десет години по смртта на личноста. Опозицискиот политичар Илија Јашин претходно на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека плочата на која пишува „политичарот Борис Немцов, кој беше убиен од најмен убиец на 27 февруари 2017 година живееше тука“ била поставена на 7 септември.
Тој додаде дека таа била наместена откако повеќето жители на зградата ја поддржале иницијативата на Сергеј Марков, советник во градот Москва. Градските власти и претходно ги спречија активистите да стават друга плоча на мостот на кој беше убиен Немцов.

XS
SM
MD
LG