Достапни линкови

СДСМ обвинува за блокада, ВМРО-ДПМНЕ бара начин за притисок врз мнозинството


Илустрација-зградата на Собранието на Република Македонија

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ имаат намера да гласаат позитивно за трите закони по скратена постапка што се поднесени од СДСМ, но бараат политички начин како да извршат притисок врз СДСМ тие да гласаат за трите закони коишто ги поднел ВМРО-ДПМНЕ. Ова денеска на прес-конференција го наведе Илија Димовски, координатор на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ.

Законите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, како што појасни, се за покачување на платата во јавниот сектор, за обезбедување вредносни бонови-ваучери за набавка на компјутери и компјутерска опрема за студентите, како и за намалување на трошоците и каматите во постапките за извршување преку извршителите и нотарите.

Оваа изјава на Димовски следуваше откако претходно пратеникот од СДСМ Петре Шилегов рече дека два дена пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Влатко Ѓорчев ја блокирале Комисијата за труд и социјална политика и постапката за донесување на Предлог-законите за минимална плата и за стечајци.

„Со јалови дискусии и бесцелни меѓусебни реплики ги блокираат законите кои што се од интерес на граѓаните, особено во интерес на економски најранливите категории“ рече Шилегов.

На прес-конференцијата тој додаде дека со дебатата се блокирала можноста на вработените кои имаат најниски примања и на вработените во текстилната и кожарската индустрија да им се покачи платата на 12 000 денари, стечајните работници финансиски да го решат својот статус, а се блокирале и реформите кои, како што рече, ќе донеле просперитет кој граѓаните го очекуваат.

XS
SM
MD
LG