Достапни линкови

Порошенко-мировниците треба да го зајакнат мирот


Украина-претседателот Петро Порошенко го одржа своето годишно обраќање во парламентот, 07.09.2017

Украинскиот претседател Петро Порошенко вели дека причината за предложената миротворна мисија на Обединетите нации во Источна Украина мора да биде зајакнување на мирот, а не зацврстување. на како што ја нарече. руската окупација на тој дел од земјата.

Тој ова го кажа на годишното обраќање во парламентот денеска, два дена откако рускиот претседател Владимир Путин побара распоредување на лесно вооружени мировници за да ги заштитат набљудувачите од ОБСЕ кои се веќе таму. Според Путин, мировниците треба да бидат распоредни само долж линијата која ги одвојува украинските владини сили и сепаратистите поддржани од Русија.

Порошенко, пак, вели дека мисијата треба да патролира во целата зона на конфликт, вклучително и на границата меѓу Русија и украинските региони Донетск и Луганск, кои се под контрола на сепаратистите.
Тој го нарече предлогот на Путин чуден, но нагласи дека Украина е подготвена да дискутира за кој било предлог на ОН.


XS
SM
MD
LG