Достапни линкови

Иванов-чувањето на независноста е наша обврска


Архивска фотографија-претседателот на Македонија Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов денеска, на церемонијата на свечено менување на државното знаме на Македонија што се одржа на платото пред неговиот кабинет, рече дека 26 години вложуваме во татковина, во безбедноста и сигурноста на нашите граѓани и ја негуваме традицијата на соживот и на почитување на различностите. Во пресрет на утрешниот Ден на независноста, тој додаде дека за иднината на поколенијата, мора да ја направиме Македонија економски силна, напредна и успешна држава, членка на ЕУ и НАТО.

„Чувањето на независноста е наша обврска, без оглед што носи времето. Успеавме да поминеме многу предизвици, и ќе има многу предизвици. Но, и нив само сплотени ќе ги надминеме“, порача претседателот Иванов.

На церемонијата на свечено менување на државното знаме присуствуваа ученици од ООУ „Тихомир Милошевски“ од Ново Село, Скопје, од ООУ „Александар Здравковски“ од Јегуновце и од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ од општина Аеродром.


XS
SM
MD
LG