Достапни линкови

За Јанакиески кривичната пријава е политичка хајка против него


Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески изјави денеска дека кривична пријава за злоупотреба на службената положба е политичка хајка за негова лична дискредитација.

„Поднесената кривична пријава од СВР Прилеп веќе еднаш еднаш беше поднесена до Јавното обвинителство и таа беше отфрлена од надлежното обвинителство. Пријавата сега повторно се поднесува се со цел моја лична дискретитација и да се отргне вниманието на јавноста за нереализирањето на ниту еден проект во општина Прилеп од страна на Владата на Зоран Заев“, наведува Јанакиески.

Тој истакнува дека продажбата на двата стана, како и за останатите станови во државна сопственост е извршено согласно важечките законски и подзаконски акти. Пријавата против Јанакиески е за нелегална продажба на становите при што го оштетил буџетот за околу 42 илјади евра.

XS
SM
MD
LG