Достапни линкови

Германија и Франција со осуда на руските воени вежби


Припадници на руските воени сили

Германското и француското министерство за одбрана ги осудија претстојните воени вежби на Русија во Белорусија. Според нив, Москва бара начин да ја прикаже воената моќ на границите на ЕУ и на НАТО. Француската министерка за одбрана, Флоренс Парли изјави денеска дека е особено важно во тој контекст да го реафирмираат нивното присуство во услови на таква демонстрација на Русија која претставува стратегија на заплашување.

Парли ја даде изјавата на маргините на неформалната средба на министри во главиот град на Естонија, Талин. Согласно правилата на ОБСЕ земјите кои спроведуваат вежби со повеќе од 13 илјади војници треба претходно да ги известат другите нации. На вежбите на Русија и Белорусија „Запад 2017“ кои ќе се одржат од 14 до 20 септември ќе учествуваат 12 700 војници. Но, според западните воени претставни и експерти вистинската бројка може да биде поголема, односно 100 илјади војници би биле дел од вежбите.

XS
SM
MD
LG