Достапни линкови

Кривична пријава за екс министерот Јанакиески за продажба на станови


Миле Јанакиески

Полицијата во Прилеп поднела кривична пријава против поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и за актуелен и поранешен државен правобранител и за нотар, за злоупотреба на службената положба. Јанакиески е осомничен дека во периодот од 2007 до 2010 година, спротивно на одредбите предвидени во Законот за продажба на општествените станови, како овластен застапник на Владата, склучил договори за купопродажба на станови по повластени цени. Со продажбата на становите, според соопштението, бил оштетен буџетот на Македонија во износ од 2.595.976,оо денари или околу 42 илјади евра.

XS
SM
MD
LG