Достапни линкови

Молдавија учествува на меѓународните воени вежби во Украина


Молдавските војници кои ќе учествуваат во вежбите во Украина

Молдавските војници ќе земат учество во меѓународните воени вежби во Украина кои се одржуваат од денеска до 23 септември и покрај противењето на прорускиот претседател Игор Додон. Министерството за одбрана соопшти дека 57 војници ќе бидат дел од вежбите на кои учество ќе земат 1800 војници од 14 земји.

Додон претходно на Фејсбук напиша дека го отфрлил барањето на министерството за одбрана, бидејќи е неприфатливо молдавските војници да бидат инволвирани во вежби кои се одржуваат надвор од границите на земјата. Владата подоцна ја поништи одлуката на Додон.

XS
SM
MD
LG