Достапни линкови

Габриел: Клучно е да се спроведат најавените реформи


Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел на средбата со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров вчера во Берлин истакнал дека новата македонска Влада имала импресивен почеток и се фокусирала на соработка со соседите преку амбициозни реформски проекти и позитивни чекори.

Според соопштението на геманското МНР, Габриел порачал дека сега е клучно да се спроведат најавените реформи, а реформскиот процес во Македонија повторно да добива во интензитет. Според него, само на тој начин Македонија може да напредува на патот на евро-атлантското приближување. Тој апелира до опозицијата да не ја блокира владата и да не одбива конструктивна соработка со неа.

XS
SM
MD
LG