Достапни линкови

ФБ - руски профили купувале и таргетирале американски гласачи


Фејсбук информираше дека американските истражители откриле дека социјалната мрежа им продала реклами на „руски операции“ кои таргетирале американски гласачи за време на минатогодишните претседателски избори.

Шефот на безбедноста на ФБ Алекс Стамос изјави дека соработувал со Конгресот и Министерството за правда околу истрагите за руско мешање во американските избори. Според Вашингтон Пост, ФБ продала реклами за 100 илјади долари на руски тролови кои промовирале про руска пропаганда.

Многу од нив се лажни профили кои ја промовирале поларизирачки погледи на теми како: имиграцијата, правото на носење оружје, раса, геј права, рече Стамос.

XS
SM
MD
LG